26 Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
27 Вистина ви велам: овде стојат некои што не ќе вкусат смрт, сѐ додека не го видат царството Божјо.“
28 А околу осум дена по овие зборови, ги зеде со Себе Петар, Јован и Јаков, и се искачи на гората да се помоли.
29 И додека се молеше, изгледот на лицето Негово се промени, а облеката Му стана бела и блескава.
30 И ете, двајца луѓе разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија.
31 Па, кога се појавија во слава, тие зборуваа за Неговото заминување, кое требаше да заврши во Ерусалим.
32 А Петар и оние кои беа со него ги беше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.