28 А околу осум дена по овие зборови, ги зеде со Себе Петар, Јован и Јаков, и се искачи на гората да се помоли.
29 И додека се молеше, изгледот на лицето Негово се промени, а облеката Му стана бела и блескава.
30 И ете, двајца луѓе разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија.
31 Па, кога се појавија во слава, тие зборуваа за Неговото заминување, кое требаше да заврши во Ерусалим.
32 А Петар и оние кои беа со него ги беше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
33 И кога се разделуваа од Него, Петар без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: за Тебе една, за Мојсеј една, и за Илија една!“
34 Додека го велеше тоа, се појави облак и ги засени; и се уплашија штом влегоа во облакот.