34 Додека го велеше тоа, се појави облак и ги засени; и се уплашија штом влегоа во облакот.
35 И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!“
36 А кога се чу тој глас, Исус беше останал сам. И тие премолчаа и никому ништо не кажаа во тоа време за она што беа виделе.
37 А на другиот ден, додека се симнуваа од гората, Му доаѓаше во пресрет многу народ.
38 И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!
39 Духот одненадеж го зграпчува и ете, тој почнува да вриска. Го растргнува толку силно, што тој се запенува, и откако многу ќе го измачи, одвај го пушта.
40 Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.“