4 И, во која куќа ќе влезете, таму останувајте, и оттаму тргнувајте на пат.
5 А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, ним за сведоштво.“
6 А кога излегоа, тие одеа по селата проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
7 Кога слушна Ирод четворовласникот што Тој прави, беше збунет, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите;
8 други, пак, дека се јавил Илија, а некои – дека се дигнал еден од старите пророци.
9 И рече Ирод: „На Јован јас му ја отсеков главата; но кој ќе е Овој, за Кого што слушам такви нешта?“ И сакаше да Го види.
10 А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, наречен Витсаида.