43 И сите беа вчудовидени од Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на учениците Свои:
44 „Ставете ги во ушите свои овие зборови: ‚Синот Човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето.‘“
45 Но тие не го разбраа овој говор, зашто беше прикриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за значењето на овој говор.
46 И им дојде мисла: кој од нив е најголем.
47 А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себе,
48 па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој е голем.“
49 Проговори Јован и рече: „Учителе, видовме еден човек, кој во Твое име истерува демони, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.“