51 А кога се навршуваа деновите на неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим;
52 и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да подготват за Него.
53 Но не Го примија, зашто имаше изглед на патник што оди во Ерусалим.
54 Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?“
55 Но Тој се сврте кон нив и ги укори и рече: „Не знаете од каков дух сте вие,
56 зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ И отидоа во друго село.
57 А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“