54 Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?“
55 Но Тој се сврте кон нив и ги укори и рече: „Не знаете од каков дух сте вие,
56 зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ И отидоа во друго село.
57 А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“
58 Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“
59 На друг, пак, му рече: „Врви по мене!“ А тој одговори: „Господи, допушти најнапред да отидам да го погребам татко ми!“
60 Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Божјо!“