56 зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ И отидоа во друго село.
57 А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“
58 Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“
59 На друг, пак, му рече: „Врви по мене!“ А тој одговори: „Господи, допушти најнапред да отидам да го погребам татко ми!“
60 Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Божјо!“
61 Потоа некој друг Му рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но дозволи ми најнапред да се простам со своите домашни.“
62 Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за царството Божјо.“