1 Соломон, синот Давидов, беше се зацврстил на престолот. Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвиши многу.
2 Тогаш Соломон му се обрати на сиот Израел, на илјадниците, на стотниците, на судиите, на сите израелски кнезови, на главите на семејствата,
3 та Соломон и сиот собир со него се искачија на возвишението кое беше во Гаваон, зашто таму беше Шаторот на средбата што го подигна Мојсеј, слугата Божји, во пустината.
4 Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим.