1 А на Јотама му беа дваесет и пет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Еруса, Садокова ќерка.
2 Правеше што е право во Господовите очи, сосем како татко му Озиј; само што не влезе во Господовиот Храм. Народот и натаму беше расипан.
3 Ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом; градеше многу и на Офилскиот Ѕид.
4 Соѕида и градови по Јудејската Гора, а во горите дворци и стражарници.
5 Војуваше против царот на Амоновите синови и ги победи. Во таа година Амоновите синови му дадоа сто сребрени таланти и десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Амоновите синови му платија толку и во втората и во третата година.
6 Така Јотам се зацврсти, зашто го среди својот живот пред Господа, својот Бог.
7 Другите Јотамови дела и сите негови војни и патишта запишани се во книжниот Свиток за израелските и јудејските цареви.
8 Му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
9 Тогаш Јотам почина кај татковците, и го погребаа во Давидовиот Град. На неговото место зацари син му Ахаз.