2 Летописи 1:1-6 MKB

1 Соломон, синот Давидов, беше се зацврстил на престолот. Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвиши многу.

2 Тогаш Соломон му се обрати на сиот Израел, на илјадниците, на стотниците, на судиите, на сите израелски кнезови, на главите на семејствата,

3 та Соломон и сиот собир со него се искачија на возвишението кое беше во Гаваон, зашто таму беше Шаторот на средбата што го подигна Мојсеј, слугата Божји, во пустината.

4 Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим.

5 Бронзениот жртвеник што го направи Веселеил, синот на Оровиот син Уриј, беше таму пред Господовиот Шатор, каде дојдоа Соломон и собирот за да му се обратат.

6 Таму пред Господа Соломон се искачи при бронзениот жртвеник, кој беше веднаш до Шаторот на средбата, и принесе врз него илјада паленици.