2 Летописи 1:4-10 MKB

4 Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим.

5 Бронзениот жртвеник што го направи Веселеил, синот на Оровиот син Уриј, беше таму пред Господовиот Шатор, каде дојдоа Соломон и собирот за да му се обратат.

6 Таму пред Господа Соломон се искачи при бронзениот жртвеник, кој беше веднаш до Шаторот на средбата, и принесе врз него илјада паленици.

7 Истата ноќ Бог му се јави на Соломона и му рече: „Барај што да ти дадам.”

8 Соломон одговори: „Мошне наклонет Му беше на мојот татко Давид, и ме зацари мене на неговото место.

9 Боже Господе, нека се исполни сега ветувањето што Му го даде на мојот татко Давид, зашто ме зацари над народот што го има многу како земниот прав.

10 Дај ми сега мудрост и знаење за да можам да управувам со овој народ, зашто кој ќе управува со толкав народ како што е овој, Твојот!”