2 Летописи 1:9-15 MKB

9 Боже Господе, нека се исполни сега ветувањето што Му го даде на мојот татко Давид, зашто ме зацари над народот што го има многу како земниот прав.

10 Дај ми сега мудрост и знаење за да можам да управувам со овој народ, зашто кој ќе управува со толкав народ како што е овој, Твојот!”

11 Бог му рече на Соломона: „Бидејќи тоа ти е во срцето, а не бараше ни богатство, ни благо, ни слава, ни смртта на непријателите, и зашто не бараше долг живот, туку мудрост и знаење како би управувал со Мојот народ над кој те зацарив, ти давам мудрост и знаење.

12 Но ти давам и богатство, благо и слава какви немаше ниеден цар што бил пред тебе и какви не ќе имаат ни оние кои ќе дојдат после тебе.”

13 Соломон од возвишението во Гаваон отиде во Ерусалим, подалеку од Шаторот на средбата, и царуваше над Израел.

14 Собра бојни коли и коњаници: имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњаници, и ги размести по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим.

15 Соломон направи да има сребро и злато во Ерусалим изобилно како камења, а кедрови дрва многу како црници во Шефел.