16 Кога Израелците видоа дека царот се прави дека не слуша, народот му одговори: „Каков дел имаме ние со Давида? Ние немаме наследство со Јесеевиот син! Во шаторите, Израелу! Сега, Давиде, грижи се за својот дом!” И сиот Израел си отиде под своите шатори.
17 Ровоам завладеа само над Израелевите синови, кои живееја по јудејските градови.
18 Потоа царот Ровоам го испрати Адорама, настојателот за данок, но Израелците го каменуваа, и тој умре; а царот Ровоам брзо се качи во колата та избега во Ерусалим.
19 Така Израел се оддели од Давидовиот дом сè до денес.