1 Кога јудејскиот цар Јосафат се врати во мир дома во Ерусалим,
2 пред него излезе Ананиевиот син, гледачот Јуј, и му рече на царот Јосафат: „Зар да му помагаш на безбожникот и да го љубиш Господовиот мразител? Затоа и удира врз тебе Господовиот гнев.
3 Сепак се најде нешто добро во тебе: ги отстрани ашерите од земјата и го насочи своето срце да Го бараш Господа!”
4 Оттогаш Јосафат живееше во Ерусалим, пак излегуваше меѓу народот од Вир Савеа до Ефремовата Гора и го обрнуваше кон Господа, кон Бога на нивните татковци.
5 Постави судии во земјата во сите утврдени јудејски градови, во секој град.