1 Јосафат почина покрај своите татковци, и беше погребан кај нив во Давидовиот Град. На неговото место се зацари син му Јорам.
2 Јорам имаше шестмина браќа, Јосафатови синови: Азариј, Ехил, Захариј, Азариј, Михаил и Сефатиј. Сите тие му беа синови на израелскиот цар Јосафат.
3 Таткото им даде многу дарови во сребро, во злато и во скапоцености, со утврдените градови во Јудеја; царството му го даде на Јорама, зашто беше првенец.
4 Откако стапи на татковиот престол и откако се утврди, Јорам ги погуби сите браќа со меч, па и некои израелски кнезови.
5 На Јорама му беа триесет и две години кога се зацари, а царуваше осум години во Ерусалим.