2 Летописи 21:4-10 MKB

4 Откако стапи на татковиот престол и откако се утврди, Јорам ги погуби сите браќа со меч, па и некои израелски кнезови.

5 На Јорама му беа триесет и две години кога се зацари, а царуваше осум години во Ерусалим.

6 Живееше како израелските цареви, како и Ахавовиот дом, зашто Ахавовата ќерка му беше жена; работеше што е зло во Господовите очи.

7 Сепак Господ не сакаше да ја разурне куќата на Давида заради Заветот што го склучи со него и затоа што му вети дека ќе им ја даде светилката нему и на неговите синови засекогаш.

8 Во тоа време Едомците се одметнаа од под јудејската власт и си поставија свој цар.

9 Затоа Јорам тргна со своите војсководачи и со сите бојни коли. Се подигна ноќе и ги истепа Едомците, кои ги опколија него и заповедниците на бојните коли.

10 Сепак Едомците се ослободија од јудејската власт сè до денес. Во исто време се побуни Ливна, за да не биде под неговата власт, зашто тој Го остави Господа, Бога на своите татковци.