2 Летописи 29:1-7 MKB

1 На Езекија му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше дваесет и пет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Авија, ќерка Захариева.

2 Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и неговиот татко Давид.

3 Во првата година на првиот месец на своето царување ги отвори вратите на Господовиот Дом и ги поправи.

4 Тогаш ги повика свештениците и левитите и, откако ги собра на источниот плоштад,

5 рече: „Чујте ме левити! Посветете се сега и посветете го Домот на Господа, Бога на своите татковци, и отстранете ја нечистотата од Светилиштето.

6 Нашите татковци згрешија и правеа зло во очите на Господа, нашиот Бог. Го оставија и го одвратија лицето од Господовиот Шатор, свртувајќи му го грбот.

7 Ги затворија тремските врати и ги изгаснаа светилките; не кадеа со темјан ниту принесуваа паленици во Светилиштето на Израелевиот Бог.