2 Летописи 29:13-19 MKB

13 од Елисафановите синови: Симриј и Јеил од Асафовите синови: Захариј и Матаниј;

14 од Амоновите синови Јеил и Симеј; од Једутуновите синови: Семај и Озик.

15 Тие ги собраа браќата, се посветија и дојдоа, како што заповеда царот според Господовите зборови за да го очистат Господовиот Дом.

16 Свештениците влегоа во Господовиот Дом за да го очистат. Почнаа сета нечистота што ја најдоа во Господовиот Храм, да ја изнесуваат во дворот на Господовиот Дом; а левитите ја примаа изнесувајќи ја надвор до потокот Кедрон.

17 Почнаа да посветуваат во првиот ден на првиот месец, а во осмиот ден од истиот месец влегоа во Господовиот трем; го осветуваа Господвиот Дом осум дена; завршија во шеснаесетиот ден на првиот месец.

18 Тогаш влегоа кај царот Езекија и рекоа: „Го исчистивме сиот Господов Дом: жртвеникот за паленици со сиот негов прибор, столот за принесените лебови со сиот негов прибор,

19 а сите посатки кои ги зафрли царот Ахаз додека царуваше и грешеше, пак ги обновивме и осветивме; ене ги пред Господовиот жртвеник.”