2 Летописи 29:17-23 MKB

17 Почнаа да посветуваат во првиот ден на првиот месец, а во осмиот ден од истиот месец влегоа во Господовиот трем; го осветуваа Господвиот Дом осум дена; завршија во шеснаесетиот ден на првиот месец.

18 Тогаш влегоа кај царот Езекија и рекоа: „Го исчистивме сиот Господов Дом: жртвеникот за паленици со сиот негов прибор, столот за принесените лебови со сиот негов прибор,

19 а сите посатки кои ги зафрли царот Ахаз додека царуваше и грешеше, пак ги обновивме и осветивме; ене ги пред Господовиот жртвеник.”

20 Тогаш царот Езекија стана рано, ги собра градските кнезови и отиде во Господовиот Дом.

21 Доведоа седум млади јунци, седум овни, седум јагниња, седум јарци за грев, за царството и за Светилиштето и за Јуда; тој им заповеда на Ароновите синови свештеници да ги принесат за паленица на Господовиот жртвеник.

22 Откако ги заклаа говедата, свештениците ја зедоа крвта и го попрскаа жртвеникот, ги заклаа јагнињата и со крвта го попрскаа жртвеникот.

23 Ги доведоа јарците за грев пред царот и пред соборот та ги ставија рацете врз нив.