22 Откако ги заклаа говедата, свештениците ја зедоа крвта и го попрскаа жртвеникот, ги заклаа јагнињата и со крвта го попрскаа жртвеникот.
23 Ги доведоа јарците за грев пред царот и пред соборот та ги ставија рацете врз нив.
24 Тогаш свештениците ги заклаа и го очистија со нивната крв жртвеникот, зашто царот беше заповедал да бидат принесени паленица и жртва за грев за сиот Израел.
25 Постави во Господовиот Дом левити со кимвали, со псалтири и со гуслиња, како беше заповедал Давид, царевиот гледач Гад и пророкот Натан, зашто заповедта доаѓаше од Бога преку Неговите пророци.
26 Така левитите стоеја со Давидовите свирки, а свештениците со трубите.
27 Тогаш Езекија заповеда да ја пронесат паленицата врз жртвеникот. Кога почна принесувањето на паленицата, почна Господовата песна покрај звуците на роговите и на свиралките на израелскиот цар, Давид.
28 Сиот собор се поклонуваше, пеачите пееја, а трубите трубеа, и тоа сè додека не сврши паленицата.