2 Летописи 29:31-36 MKB

31 Тогаш Езекија проговори: „Сега вие се посветивте на Господа; пристапете и донесете ги жртвите и благодарните приноси во Господовиот Дом.” Сиот собир донесе закланици и благодарници. Секој што имаше волно срце, принесе паленици.

32 Палениците што ги донесе собирот беа на број: седумдесет говеда, сто овни, двеста јагниња, сè за паленици на Господа.

33 Другите посветени дарови беа шест стотини говеда и три илјади грла ситен добиток.

34 Но свештениците беа премалку, така што не можеа да ги одерат сите паленици; затоа им помагаа браќата левити, додека не се сврши работата и додека не беа посветени други свештеници, зашто левитите беа со погорливо срце за да се посветат отколку свештениците.

35 Беа и многу паленици со лојта од помирителните жртви, и со налевници при палениците. Така, пак беше обновена службата во Господовиот Дом.

36 И Езекија се веселеше, и сиот народ со него, зашто Бог му подготви на народот, бидејќи се тоа се случи ненадејно.