2 Летописи 29:5-11 MKB

5 рече: „Чујте ме левити! Посветете се сега и посветете го Домот на Господа, Бога на своите татковци, и отстранете ја нечистотата од Светилиштето.

6 Нашите татковци згрешија и правеа зло во очите на Господа, нашиот Бог. Го оставија и го одвратија лицето од Господовиот Шатор, свртувајќи му го грбот.

7 Ги затворија тремските врати и ги изгаснаа светилките; не кадеа со темјан ниту принесуваа паленици во Светилиштето на Израелевиот Бог.

8 Затоа Господ се расрди на Јудејците и на Ерусалимците, та дозволи да бидат измачувани и да бидат за ужас и за потсмев, како што гледате со своите очи.

9 И нашите татковци, ете, паднаа од меч, а синовите, ќерките и жените затоа ни се во ропство.

10 И така, сега смислив во своето срце да склучам Завет со Господа, со Израелевиот Бог за да се одврати од нас Неговиот јаростен гнев.

11 Деца мои, не бидувајте сега мрзливи, зашто Господ ве избра за да стоите пред Него, за да му служите и за да му бидете слуги и за да му кадите.”