2 Летописи 29:9-15 MKB

9 И нашите татковци, ете, паднаа од меч, а синовите, ќерките и жените затоа ни се во ропство.

10 И така, сега смислив во своето срце да склучам Завет со Господа, со Израелевиот Бог за да се одврати од нас Неговиот јаростен гнев.

11 Деца мои, не бидувајте сега мрзливи, зашто Господ ве избра за да стоите пред Него, за да му служите и за да му бидете слуги и за да му кадите.”

12 Тогаш станаа левитите: Амасеевиот син Мат и Азаревиот син Јоил од Катовите синови; од Мораровите синови Авдиевиот син Кис и Јалелеиловиот син Азариј; од Гирсоновците Зиминиот син Јоах и Јоаховиот син Еден;

13 од Елисафановите синови: Симриј и Јеил од Асафовите синови: Захариј и Матаниј;

14 од Амоновите синови Јеил и Симеј; од Једутуновите синови: Семај и Озик.

15 Тие ги собраа браќата, се посветија и дојдоа, како што заповеда царот според Господовите зборови за да го очистат Господовиот Дом.