3 Ова се основите што Соломон ги постави за градењето на Божјиот Дом: шеесет лакти во должина - по старата мерка на лактот - а во широчина дваесет лакти.
4 Тремот, што беше пред Домот, имаше, по широчината на овој последниот, а во должина дваесет лакти, а висок беше сто и дваесет лакти. Го обложи внатре со чисто злато.
5 Големата дворница ја обложи со кедри, што ги покри со чисто злато и изработи врз нив палми и цветни венци.
6 Потоа ја украси дворницата со блескави бесцени камења; златото беше парваимско злато.
7 Со него ја покри дворницата: гредите, праговите и крилата на вратите та изваја херувими по ѕидовите.
8 Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја обложи со шест стотини таланти чисто злато.
9 За клинците даде на мерка педесет златни сикли. И горните соби ги обложи со злато.