2 Летописи 3:9-15 MKB

9 За клинците даде на мерка педесет златни сикли. И горните соби ги обложи со злато.

10 Во дворницата на Светината над светините направи два херувими, леано дело. И нив ги обложи со злато.

11 Крилата на херувимите беа долги дваесет лакти: едното крило од пет лакти го допираше храмскиот ѕид, а второто од пет лакти го допираше крилото на другиот херувим.

12 Така и крилото на вториот херувим, од пет лакти, го допираше ѕидот на Домот. Другото крило, од пет лакти, се спојуваше со крилото на другиот херувим.

13 Раширените крила на херувимите имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја простум, со лицата свртени кон Домот.

14 Направи завеса од љубичеста свилена ткаенина, од црвено сукно, од отворено-црвено сукно и од лесно платно, та врз нив извезе херувими.

15 Пред Домот направи два столба долги триесет и пет лакти, а нивните главчиња на врвот по пет лакти.