2 Летописи 32:1-7 MKB

1 По тие настани и докази за верност, асирскиот цар Сенахирим им дојде и откако влезе во Јудеја, ги опколи утврдените градови мислејќи да ги освои.

2 Езекија, откако виде дека дојде Сенахирим и како наумува да завојува против Ерусалим,

3 се посоветува со кнезовите и со јунаците, за да ги засипе водните извори што беа надвор од градот. Тие му помогнаа нему.

4 Се собра многу народ, та ги засипа сите извори и потокот што течеше сред земјата; зборуваа: „Зошто асирските цареви да најдат толку вода кога ќе дојдат!”

5 Езекија се ободри го обнови сиот соборен ѕид и подигна стражарници врз него; однадвор изгради друг ѕид и го зацврсти Милон во Давидовиот Град; направи многу копја и штитови.

6 Потоа постави началници над народот и ги повика кај себе на плоштадот покрај Градската Врата, ги охрабри со овие зборови:

7 ”Бидете храбри и јунаци; не бојте се и не плашете се од асирскиот цар, ни од сето мноштво што е со него зашто со нас е Посилниот отколку со него;