2 Летописи 32:14-20 MKB

14 Кој од сите богови на оние народи, што моите предци ги уништија сосем, можеше да избави народ од мојата рака, за да може вашиот Бог да ве избави вас од мојата рака?

15 Затоа немојте сега Езекија да ве измамува и да ве заведува така, и не верувајте му! Зашто ниеден бог на ниеден народ или царство не можеше да го избави својот народ од мојата рака, ни од раката на моите предци, а камоли вашиот Бог ќе ве избави од мојата рака!’”

16 Неговите слуги уште повеќе ги напаѓаа Бога Господа и неговиот слуга Езекија.

17 Напиша и писмо хулејќи Го Господа, Израелевиот Бог: „Како што боговите на земните народи не ги избавија своите народи од мојата рака, така ни Езекиевиот Бог не ќе го избави Својот народ од мојата рака.”

18 И му викаа со силен глас, на јудејски јазик, на ерусалимскиот народ, кој беше на ѕидот за да го уплашат и да го смутат, како би го презеле градот.

19 Зборуваа за ерусалимскиот Бог како за боговите на земните народи, за боговите што се дело на човечките раце.

20 Затоа царот Езекија и пророкот Исаиј, Амосовиот син, се помолија и го повикаа небото на помош.