2 Летописи 32:15-21 MKB

15 Затоа немојте сега Езекија да ве измамува и да ве заведува така, и не верувајте му! Зашто ниеден бог на ниеден народ или царство не можеше да го избави својот народ од мојата рака, ни од раката на моите предци, а камоли вашиот Бог ќе ве избави од мојата рака!’”

16 Неговите слуги уште повеќе ги напаѓаа Бога Господа и неговиот слуга Езекија.

17 Напиша и писмо хулејќи Го Господа, Израелевиот Бог: „Како што боговите на земните народи не ги избавија своите народи од мојата рака, така ни Езекиевиот Бог не ќе го избави Својот народ од мојата рака.”

18 И му викаа со силен глас, на јудејски јазик, на ерусалимскиот народ, кој беше на ѕидот за да го уплашат и да го смутат, како би го презеле градот.

19 Зборуваа за ерусалимскиот Бог како за боговите на земните народи, за боговите што се дело на човечките раце.

20 Затоа царот Езекија и пророкот Исаиј, Амосовиот син, се помолија и го повикаа небото на помош.

21 Тогаш Господ испрати ангел, кој ги уништи сите храбри јунаци, заповедниците и началниците во војската на асирскиот цар, така што се врати засрамен во својата земја. А кога влезе во храмот на својот бог, го сосекоа таму со меч некои, кои се родија од неговото крило.