2 Летописи 32:23-29 MKB

23 Мнозина им донесуваа дарови на Господа во Ерусалим и скапоцености на јудејскиот цар Езекија. Потоа Езекија се возвиши во очите на сите народи.

24 Во тоа време Езекија се разболе на смрт, ама Му се помоли на Господа, Кој му проговори и направи чудо.

25 Но Езекија не му се оддолжи на добротворството што му беше искажано, туку се возгордеа; затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим.

26 Но Езекија се понижи затоа што му се беше возгордеало срцето, и тој и Ерусалимците, па така Господовата расрденост не дојде врз нив за време на Езекиевиот живот.

27 Езекија придоби многу големо богатство и слава; направи ризница за сребро и злато, за скапоцени камења, за мириси, за штитови и за секакви скапоцени посатки;

28 складишта за родот на житото, на новото вино и за маслото, простории за секаков добиток, огради за стадата.

29 Подигна и градови, имаше многу добиток, ситна стока и говеда, зашто Господ му даде мошне голем имот.