2 Летописи 32:7-13 MKB

7 ”Бидете храбри и јунаци; не бојте се и не плашете се од асирскиот цар, ни од сето мноштво што е со него зашто со нас е Посилниот отколку со него;

8 со него е телесната мишка, а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и за да ги војува нашите боеви.” Народот се надеваше во зборовите на јудејскиот цар Езекија.

9 Потоа асирскиот цар Сенахирим, додека беше кај Лахис со сета бојна сила, испрати слуги во Ерусалим кај јудејскиот цар Езекија и кај сите Јудејци, кои беа во Ерусалим, и им порача:

10 ”Асирскиот цар Сенахирим вели вака: ‘Во што се надевате стоејќи опсадени во Ерусалим?

11 Зар не ве заведува Езекија за да ве предаде на смрт од глад и од жед кога зборува: „Господ, нашиот Бог ќе не избави од рацете на асирскиот цар?”

12 Нели тој Езекија ги отстрани неговите високи места и неговите жртвеници и им заповеда на Јудејците и на Ерусалимците говорејќи: „Клањајте се пред еден жртвеник и кадете врз него!”

13 Зар не знаете што направив јас и моите предци од сите земни народи? Зар боговите на земните народи можеа да ги избават своите земји од мојата рака?