2 Летописи 34:1-6 MKB

1 На Јосиј му беа осум години кога се зацари. Царуваше триесет и една година во Ерусалим.

2 Правеше што е право во Господовите очи. Во сè одеше по патиштата на таткото Давид, не свртувајќи ни десно ни лево.

3 Во осмата година на царувањето, додека беше уште дете, почна да Го бара Бога на таткото Давид, а во дванаесеттата година почна да ги чисти Јудеја и Ерусалим од високите места, ашерите, од режаните и вајаните ликови.

4 Пред него ги оборија жртвениците на Ваал а, ги скрши сончевите столбови кои беа врз нив; ги искрши и ги сотре ашерите и вајаните и леаните ликови, ги истури по гробовите на оние што им принесуваа жртви.

5 Ги спали коските на свештениците на нивните жртвеници и така ги очисти Јудеја и Ерусалим.

6 Исто направи и по градовите на Манасиевото, Ефремовото и Симеоновото племе, па до Нефталимовото, по нивните запустени места наоколу.