2 Летописи 34:12-18 MKB

12 Тие луѓе ја вршеа совесно работата; над нив беа поставени Јат и Овадиј, левити од Мерариевите синови, и Захариј и Месулам од Катовите синови. Сите левити беа искусни на свиралки.

13 Едни беа над бременосците и над настојателите на сите трудбеници во секоја служба, а други од левитите беа писари, надзорници и вратари.

14 Кога ги изнесуваа сребрениците донесени во Господовиот Дом, свештеникот Хелкиј го најде Свитокот на Господовиот Закон, даден преку Мојсеја.

15 И, во одговор, Хелкиј му рече на тајникот Сафан: „Го најдов Свитокот на Законот во Господовиот Дом.” Хелкиј му го даде книжниот свиток на Сафана.

16 Сафан му го однесе книжниот свиток на царот и го извести: „Твоите слуги работат сè што им е доверено.

17 Откако ги собраа сребрениците што ги најдоа во Господовиот Дом, им ги предадоа во рацете на работоводителите и на трудбениците.”

18 Тогаш тајникот Сафан му јави на царот: „Свештеникот Хелкиј ми даде еден книжен свиток.” И Сафан почна да го чита пред царот.