2 Летописи 34:2-8 MKB

2 Правеше што е право во Господовите очи. Во сè одеше по патиштата на таткото Давид, не свртувајќи ни десно ни лево.

3 Во осмата година на царувањето, додека беше уште дете, почна да Го бара Бога на таткото Давид, а во дванаесеттата година почна да ги чисти Јудеја и Ерусалим од високите места, ашерите, од режаните и вајаните ликови.

4 Пред него ги оборија жртвениците на Ваал а, ги скрши сончевите столбови кои беа врз нив; ги искрши и ги сотре ашерите и вајаните и леаните ликови, ги истури по гробовите на оние што им принесуваа жртви.

5 Ги спали коските на свештениците на нивните жртвеници и така ги очисти Јудеја и Ерусалим.

6 Исто направи и по градовите на Манасиевото, Ефремовото и Симеоновото племе, па до Нефталимовото, по нивните запустени места наоколу.

7 Ги обори жртвениците и ашерите, ги раскова и ги сотре вајаните ликови и ги исече сите сончеви столбови по сета Израелска Земја, а тогаш се врати во Ерусалим.

8 Во осумнаесеттата година на царувањето, откако ги очисти земјата и Храмот, ги испрати Азалиевиот син Сафан, градскиот управител Масиј, Јоахазовиот син Јоах, тајник, за да го поправат Домот на Господа, неговиот Бог.