2 Летописи 34:9-15 MKB

9 Тие дојдоа кај врховниот свештеник Хелкиј и му ги предадоа сребрениците донесени во Божјиот Дом, што ги беа собрале левитите, чувари на Храмскиот Праг, од раката на Манасиевите и Ефремовите синови, и од сиот Израелев Остаток, од сето Јудино и Венијаминово племе, од ерусалимските жители.

10 Им го предадоа тоа во рацете на работоводителите, поставени над Господовиот Дом, а тие им издаваа на трудбениците, кои работеа во Господовиот Дом, поправајќи го тоа што беше во истрошена состојба и обновувајќи го Храмот.

11 Им дадоа на дрводелците и на градителите за да купуваат делкан камен и дрво за греди, и за да бидат поправени куќите, што ги разурнаа јудејските цареви.

12 Тие луѓе ја вршеа совесно работата; над нив беа поставени Јат и Овадиј, левити од Мерариевите синови, и Захариј и Месулам од Катовите синови. Сите левити беа искусни на свиралки.

13 Едни беа над бременосците и над настојателите на сите трудбеници во секоја служба, а други од левитите беа писари, надзорници и вратари.

14 Кога ги изнесуваа сребрениците донесени во Господовиот Дом, свештеникот Хелкиј го најде Свитокот на Господовиот Закон, даден преку Мојсеја.

15 И, во одговор, Хелкиј му рече на тајникот Сафан: „Го најдов Свитокот на Законот во Господовиот Дом.” Хелкиј му го даде книжниот свиток на Сафана.