2 Летописи 35:1-6 MKB

1 Потоа Јосиј Му ја празнуваше Пасха на Господа во Ерусалим: пасхалното јагне беше клано во четиринаесеттиот ден на првиот месец.

2 Ги постави свештениците на нивните служби, ободрувајќи ги за служба во Господовиот Дом.

3 Потоа им рече на левитите, кои ги поучуваа сите Израелци и кои Му беа посветени на Господа: „Ставете го светиот Ковчег во Домот што го изгради Давидовиот син Соломон, израелски цар; не смеете веќе да го носите на рамениците; сега служете Му на Господа, својот Бог, и на Неговиот Израелски народ!

4 И подгответе се по татковските домови, по редовите, како што напиша израелскиот цар Давид и како што одреди неговиот син Соломон.

5 Стојте во Светината по редовите на татковските домови на своите браќа, на обичниот народ, и по редот на левитскиот татковски дом.

6 И така колете го пасхалното јагне, та посветете се и подгответе ги своите браќа за да празнуваат како што заповеда Господ преку Мојсеја.”