1 Потоа Јосиј Му ја празнуваше Пасха на Господа во Ерусалим: пасхалното јагне беше клано во четиринаесеттиот ден на првиот месец.
2 Ги постави свештениците на нивните служби, ободрувајќи ги за служба во Господовиот Дом.
3 Потоа им рече на левитите, кои ги поучуваа сите Израелци и кои Му беа посветени на Господа: „Ставете го светиот Ковчег во Домот што го изгради Давидовиот син Соломон, израелски цар; не смеете веќе да го носите на рамениците; сега служете Му на Господа, својот Бог, и на Неговиот Израелски народ!
4 И подгответе се по татковските домови, по редовите, како што напиша израелскиот цар Давид и како што одреди неговиот син Соломон.
5 Стојте во Светината по редовите на татковските домови на своите браќа, на обичниот народ, и по редот на левитскиот татковски дом.
6 И така колете го пасхалното јагне, та посветете се и подгответе ги своите браќа за да празнуваат како што заповеда Господ преку Мојсеја.”
7 Јосиј му подари на обичниот народ од ситниот добиток јагниња и јариња, сè за Пасхата, на сите кои се најдоа таму, на број триесет илјади и три илјади говеда, сè тоа од царевиот имот.