2 Летописи 35:16-22 MKB

16 Така беше уредена сета Господова служба во оној ден, за да се прослави Пасхата и за да се принесат палениците врз Господовиот жртвеник, според заповедта на царот Јосиј.

17 Така Израелевите синови, кои се најдоа таму, во тоа време, ги празнуваа седум денови Пасхата и Празникот на пресните лебови.

18 Пасха како оваа не се славеше во Израел од времето на пророкот Самоил, ниту еден од израелевите цареви не ја прославуваше Пасхата како што ја славеше Јосиј, со свештениците, со левитите и со сите Јудејци и Израелци, колку што се најдоа, и со Ерусалимците.

19 Таа Пасха беше празнувана во осумнаесеттата година на Јосиевото царување.

20 По сè тоа, кога Јосиј го уреди Домот, дојде египетскиот цар Нехао за да се бие кај Харкемис на Еуфрат, а Јосиј излезе пред него.

21 Царот Нехао му испрати посланици на Јосиј и му нарача: „Што имам јас со тебе јудејски цару? Јас не идам денес против тебе, туку против домот со кој сум во војна, и Бог ми заповеда да побрзам. Не Му се противи на Бога Кој е со мене, за да не те погуби!”

22 Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле.