2 Летописи 35:22-27 MKB

22 Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле.

23 Стрелците го застрелаа царот Јосиј, а тој им рече на слугите: „Изведете ме, зашто сум тешко ранет.”

24 Слугите го слегоа од бојната кола и го ставија во друга кола што ја имаше, па го префрлија во Ерусалим; таму умре и беше погребан во гробницата на татковците. Сета Јудеја со Ерусалим плачеше по Јосиј.

25 И Еремиј затажи по Јосија. И сите пејачи и пејачки го спомнуваат Јосиј во тажачките до денес; ги воведоа во обичај во Израел, и ене се запишани во Тажачките.

26 Другите Јосиеви дела и неговата набожност, правени онака како што пишува во Господовиот Закон,

27 сите негови потфати, од првите до последните, се запишани во книжниот Свиток за израелските и за јудејските цареви.