2 Летописи 35:6-12 MKB

6 И така колете го пасхалното јагне, та посветете се и подгответе ги своите браќа за да празнуваат како што заповеда Господ преку Мојсеја.”

7 Јосиј му подари на обичниот народ од ситниот добиток јагниња и јариња, сè за Пасхата, на сите кои се најдоа таму, на број триесет илјади и три илјади говеда, сè тоа од царевиот имот.

8 Неговите кнезови доброволно им подарија на народот, на свештениците и на левитите, и тоа: Хелкиј, Захариј и Ехиил, началници во Божјиот Дом, им дадоа на свештениците за Пасха две илјади и шест стотини јагниња и јариња и триста говеда.

9 А Хонаниј, Семај и Натанаил, неговите браќа Асавиј, Јеил и Јозавад, левитски кнезови, им подарија на левитите за Пасхата пет илјади грла ситен добиток и пет стотини говеда.

10 А кога службата беше уредена, свештениците застанаа на своето место и левитите во своите редови според царевата заповед.

11 Ја колеа Пасхата, а свештениците прскаа со крв, додека левитите ја дереа кожата.

12 Тогаш ги подготвија палениците за да му ги дадат на обичниот народ, според редовите на татковските домови, за да ги принесе на Господа, како е напишано во Мојсеевиот книжен свиток. Така направија и со говедата.