2 Летописи 35:9-15 MKB

9 А Хонаниј, Семај и Натанаил, неговите браќа Асавиј, Јеил и Јозавад, левитски кнезови, им подарија на левитите за Пасхата пет илјади грла ситен добиток и пет стотини говеда.

10 А кога службата беше уредена, свештениците застанаа на своето место и левитите во своите редови според царевата заповед.

11 Ја колеа Пасхата, а свештениците прскаа со крв, додека левитите ја дереа кожата.

12 Тогаш ги подготвија палениците за да му ги дадат на обичниот народ, според редовите на татковските домови, за да ги принесе на Господа, како е напишано во Мојсеевиот книжен свиток. Така направија и со говедата.

13 Ја печеа Пасхата на оган според обичајот, а другите посветени работи ги вареа во грнци, во котли и во садови за печење, и му ги разнесуваа брзо на сиот обичен народ.

14 После ја подготвуваа Пасхата за себе и за свештениците, зашто свештениците, Ароновите синови, беа вработени со принесувањето на палениците и лојта до ноќта; затоа левитите подготвуваа за себе и за свештениците, Ароновите синови.

15 А пејачите, Асафовите синови, стоеја на своето место, како што беше заповедале Давид, Асаф, Еман и царевиот гледач Едутун. Вратарите стоеја при секоја врата; тие не се помрднуваа од службата, туку нивните браќа левитите им подготвуваа сè.