2 Летописи 36:1-7 MKB

1 Тогаш обичниот народ го зеде Јосиевиот син Јоахаз и го зацари во Ерусалим на местото на неговиот татко.

2 Дваесет и три години му беа на Јоахаз кога се зацари. Царуваше три месеци во Ерусалим.

3 Египетскиот цар го симна во Ерусалим и наложи врз земјата данок од сто сребрени таланти и еден златен талант.

4 Египетскиот цар го постави за цар над Јудеја и над Ерусалим неговиот брат Елијаким, променувајќи му го името во Јоаким; неговиот брат Јоахаз беше земен од Нехао и одведен во Египет.

5 На Јоакима му беа дваесет и пет години кога се зацари. Царуваше единаесет години во Ерусалим; правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог.

6 Вавилонскиот цар Навуходоносор завојува против него и, откако го врза во двојни железни вериги, го одведе во Вавилон.

7 Дел од посатките од Господовиот Дом ги однесе Навуходоносор во Вавилон и ги стави во својот дворец во Вавилон.