2 Летописи 36:18-23 MKB

18 Сите посатки на Божјиот Дом, големите и малите, сокровиштето на Господовиот Дом и царевото благо, богатството на неговите кнезови, сè однесе во Вавилон.

19 Го изгореа Божјиот Дом и го соборија ерусалимскиот ѕид, и ги уништија сите негови скапоцености.

20 Оние кои му избегаа на мечот на Навуходоносор, ги одведе во ропство во Вавилон. Им станаа робови нему и на неговите синови, додека не го снема Персиското Царство.

21 За да се исполни словото што Господ го рече преку Еремиевата уста: „Додека земјата не им се оддолжи на своите саботи, ќе почива за сето време во пустина, додека не се исполнат седумдесет години.”

22 Но во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни Господовото слово објавено преку Еремиевата уста, Господ го подигна духот на персискиот цар Кир, та тој разгласи по сето свое царство усно и писмено:

23 ”Персискиот цар Кир вели вака: ‘Господ, небескиот Бог, ми ги даде сите земни царства. Тој ми наложи да Му изградам Дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него, па нека оди онаму!’”