2 Летописи 36:8-14 MKB

8 Другите Јоакимови дела и гнасностите што ги правеше, и што се најде во него, сè е запишано во книжниот Свиток за израелските и за јудејските цареви. На негово место се зацари син му Јоахин.

9 На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим; правеше што е зло во Господовите очи.

10 При сменувањето на годината, царот Навуходоносор испрати повелба, та го одведоа во Вавилон со скапоценостите од Господовиот Дом, а над Јудеја и над Ерусалим се зацари неговиот брат Седекиј.

11 На Седекија му беа дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим.

12 Правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог; не се смири пред пророкот Еремиј, кој му зборуваше од Господовата уста,

13 туку уште и се побуни против царот Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бога; остана тврдоглав и упорен во срцето, за да не Му се обрати на Господа, Израелевиот Бог.

14 Па и сите свештенички главатари и народот грешеа многу следејќи ги гнасните дела на јазичниците, онечистувајќи го Господовиот Дом, посветен во Ерусалим.