2 Летописи 5:10-14 MKB

10 Во Ковчегот немаше ништо освен двете плочи кои ги стави Мојсеј на Хорив, каде Господ склучи Завет со Израелците откако излегоа од Египет.

11 Сите свештеници излегоа од Светилиштето, зашто сите присутни свештеници се посветија без обѕир на редовите.

12 Сите левитски пејачи, Асаф, Јеман и Једутун со синовите и со браќата, стоеја облечени во тенко платно, со кимвали, со псалтири и со гуслиња, источно од жртвеникот, а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеа во труби.

13 И додека свиреа и пееја сложно како еден и едногласно Го фалеа и Го славеа Господа, подигајќи го гласот покрај трубите, кимвалите и покрај другите свирки, фалејќи Го Господа „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов”, облак го исполни Господовиот Дом.

14 Свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата слава го исполни Божјиот Дом!