11 Сите свештеници излегоа од Светилиштето, зашто сите присутни свештеници се посветија без обѕир на редовите.
12 Сите левитски пејачи, Асаф, Јеман и Једутун со синовите и со браќата, стоеја облечени во тенко платно, со кимвали, со псалтири и со гуслиња, источно од жртвеникот, а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеа во труби.
13 И додека свиреа и пееја сложно како еден и едногласно Го фалеа и Го славеа Господа, подигајќи го гласот покрај трубите, кимвалите и покрај другите свирки, фалејќи Го Господа „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов”, облак го исполни Господовиот Дом.
14 Свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата слава го исполни Божјиот Дом!