1 Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека Тој ќе пребива во темен облак;
2 а јас Ти изградив возвишен Дом, место, за Твое вечно престојување! „
3 И, откако се сврте, царот го благослови целиот израелски собир, а целиот израелски собир стоеше.
4 Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој го исполни со Својата рака ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи:
5 ’Од денот кога Го изведов Својот народ од Египетската Земја не избрав град меѓу ниедно израелево племе за да се изгради во него Дом, каде би престојувало Моето Име, ниту избрав некого за да владее над Мојот Израелски народ.