2 Летописи 6:15-21 MKB

15 На Твојот слуга Давид, на мојот татко, му исполни што Си му ветил. Што Си ветил со Својата уста, го исполни со Својата рака токму денес.

16 Господи, Израелев Боже, сега исполни му на Својот слуга на татака ми Давида, што си му ветил кога си рекол: ‘Не ќе ти снема пред Мене наследник кој ќе седи на Израелевиот престол, само ако твоите синови ги пазат своите патишта, одејќи по Мојот закон, како што одеше ти пред Мене.’

17 Господи, Израелев Боже, и така нека се исполни сега ветувањето што му го даде на Својот слуга Давид!

18 Ама зар навистина Бог ќе престојува со луѓето на земјата? Та небесата ни небесата над небесата не можат да Те опфатат, а камоли овој Дом што сум го изградил!

19 Внимателно чуј ги молитвата и повикот на Својот слуга, Господи, Боже мој, та послушај ги просењето и молитвата што Твојот слуга ја упатува кон Тебе!

20 Твоите очи нека бидат отворени над овој Дом дење и ноќе, над ова место за кое што рече дека во него ќе Го сместиш Своето Име. Послушај ја молитвата со која Твојот слуга ќе се моли на ова место.

21 И послушај ја молитвата на Твојот слуга и на Твојот Израелски народ, што ќе ја упатува на ова место. Послушај од местото каде што престојуваш, од небесата, послушај и смилувај се!