2 Летописи 6:25-31 MKB

25 тогаш Ти чуј го од небото, прости му ги гревовите на Твојот Израелски народ и доведи го назад во земјата која им ја даде ним и на нивните татковци.

26 Ако небото се затвори и не падне дожд зашто згрешиле против Тебе, па ако Ти се помолат на ова место и ако го прослават Твоето Име, и ако се обратат од својот грев кога ќе ги понизиш Ти,

27 тогаш чуј од небото и прости им го гревот на Твоите слуги и на Твојот Израелски народ, покажувајќи му го добриот пат по кој ќе оди, и пушти дожд на земјата, која му ја даде на Твојот народ во наследство.

28 Кога во земјата ќе завладеат глад, помор, суша и гламница, кога ќе навалат скакулци и гасеници, кога непријателот на овој народ ќе притисне некоја од неговите врати, или кога ќе удри некоја друга неволја или болест,

29 чуј ја секоја молитва, секој извик од кој и да е човек, или од целиот Твој Израелски народ; ако секој почувствува болка во срцето и рашири раце кон овој Дом,

30 послушај им ги молитвата и нивниот повик во небото каде што престојуваш, и прости, и дај му секому според неговите патишта, зашто Ти го познаваш неговото срце; зашто Ти единствено ги проѕираш срцата на луѓето,

31 за да се бојат од Тебе одејќи по Твоите патишта додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.