2 Летописи 6:29-35 MKB

29 чуј ја секоја молитва, секој извик од кој и да е човек, или од целиот Твој Израелски народ; ако секој почувствува болка во срцето и рашири раце кон овој Дом,

30 послушај им ги молитвата и нивниот повик во небото каде што престојуваш, и прости, и дај му секому според неговите патишта, зашто Ти го познаваш неговото срце; зашто Ти единствено ги проѕираш срцата на луѓето,

31 за да се бојат од Тебе одејќи по Твоите патишта додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.

32 Па и туѓинецот - кој не е од Твојот Израелски народ, туку стигнал од далечна земја заради величината на Твоето Име и заради Твојата силна рака и подигната мишка, ако дојде и ако се помоли во овој Дом,

33 послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови повици, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и да се бојат од Тебе како Твојот Израелски народ, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом, кој го изградив.

34 Кога Твојот народ ќе тргне против непријателот по патот по кој ќе го упатиш Ти и ако Ти се помоли Тебе, свртен кон градот што си Го избрал и кон Домот што му го подигнав на Твоето Име,

35 послушај ги од небото неговата молитва и неговото просење и направи што е потребно за него.